Трамп го намали буџетот на Стејт Департментот и УСАИД за дури 30 проценти, скратени се 11 милијарди долари

Нов удар за Џес Бејли, УСАИД, неговите соработници и организациите на Џорџ Сорос во Македонија, директно од претседателот на САД, Доналд Трамп.  Администрацијата на Трамп ќе предложи намалување на буџетот за Стејт Департментот и Американската Агенцијата за меѓународен развој (УСАИД) за околу 30 отсто, велат упатените во дискусиите за буџетот.

tramp-3

Трамп започна со крупните реформи во буџетот на САД. Карактеристично е што најголемото намалување на буџетот од сите владини институции на САД од дури 30 проценти ќе биде во Стејт Департментот, каде што припаѓа и Амбасадата на САД во Скопје заедно со амбасадорот Џес Бејли.

Исто така, на списокот за големите буџетски кратења во Ваѓингтон се наоѓа и владината агенција УСАИД, преку која се финансираат организациите на Џорџ Сорос во Македонија. Администрацијата на Трамп ќе предложи намалување на буџетот за Стејт Департментот и Американската Агенцијата за меѓународен развој (УСАИД) за околу 30 отсто, велат упатените во дискусиите за буџетот.

Предложените намалувања се вклучени во планот за буџетот за 2018 година што треба да бидат објавени во четврток од страна на Белата куќа. Се очекува Трамп да ги исполни своите предизборни ветувања за зголемување на федералните трошоци на војската, намалување на странската помош и намалување на средствата за одредени регулаторни тела, како Агенцијата за заштита на животната средина.

Предложените намалувања доаѓаат откако Трамп побара начини за да се надомести исторското зголемување на финансиите за војската, кои доаѓаат по неколкуте години кратење на буџетот, што прв пат се случи во 2013 година.

Официјални лица од администрацијата велат дека Трамп сака да ги зголеми воените трошоци за 10 отсто во однос на други буџетски кратења за 2018 година, или 54 милијарди долари, сума што тој ќе мора да ја надомести со големи намалувања за да се избегнат растечките федерални дефицити.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.