Во САД се регистрирани 207.535 случаи на коронавирус, додека бројот на починати се искачи на 4.609.
Америкаснкиот претседател Доналд Трамп ги предупреди Американците дека следат тешки две недели во борбата против ширењето на корона вирусот и ги повика до крајот на април да се придржуваат на мерките кои ги донесе државата.
“Апсолутно е критично за америкнаскиот народ и така ќе биде во наредните 30 дена. Ова е прашање на живот или смрт”, изјави Трамп на конференцијата за новинари во Белата Куќа, пренесува Ројтерс.
Соединетите Американски Држави се први во светот по бројот на заразени, покажуваат најновите податоци на Worldometers.