Трамп беше прогласен за виновен: 24 часа подоцна доби повеќе од 50 милиони долари во донации

Менаџерите на кампањата на републиканскиот кандидат Доналд Трамп објавија дека се собрани повеќе од 50 милиони долари донации во првите 24 часа откако тој беше прогласен за виновен за фалсификување документи.

„Тоа се повеќе од два милиони долари на час“, се вели во извештајот.

„Во минутите по објавувањето на пресудата, нашиот систем за донации беше преплавен со поддршка, и покрај неколкуте прекини поради големиот сообраќај, претседателот Трамп успеа да собере 34,8 долари од мали донации“, изјавија утрово менаџерите на кампањата Крис Ла Сивита и Сузи Вајлс.

До вчера вечерта таа сума порасна на 52,8 милиони долари, пренесува агенцијата Франс прес. Така, веќе утрово тоа беше двојно повеќе од вообичаениот дневен приход на WinRed, републиканската платформа за донации. Околу 30 отсто од нив се од нови донатори.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, републикански кандидат за ноемвриските избори, во четвртокот беше прогласен за виновен за фалсификување документи за да се прикрие молчењето на порно ѕвездата Сторми Даниелс пред изборите во 2016 година.

Поротата во Њујорк го прогласи Трамп за виновен по сите 34 точки од обвинението, што го прави првиот американски претседател кој е осуден за кривично дело. Тој се соочува со максимална казна од четири години затвор, иако другите осудени за такви злосторства често добиваат помали парични казни или условни казни.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.