Традицијата продолжува: Прилеп по деветти пат ќе го организира меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“

Тимот на РК Прилеп ја продолжува традицијата и ова лето ќе го организира меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“.

Ова лето ќе се одржи деветтото издание на турнирот посветен на прилепската легенда со учество на домашни и странски екипи.

Од клубот информираа дека годинешното издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ ќе се одржи во периодот од 29.08 до 01.09.2024.

Во првите два дена како и секогаш ќе бидат одиграни натпреварите по групи, додека на последниот ден ќе се игра за пласман.

Во ланското издание победник на турнирот втор пат по ред беше екипата на Дубочица од Србија.

-Покана до сите љубители на ракометот да присуствуваат и да уживаат во ракометните игри. Наскоро ќе бидат објавени сите детали околу турнирот – се вели во соопштението од организаторите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.