Традицијата продолжува и оваа година: Храмот Св. Петар и Павле во населбата Варош и оваа година широко ќе ги отвори портите за верниците

Црквата “Св. Петар и Павле” во најстарата прилепска населба “Варош” во петок на големиот христијански празник Петровден, широко ќе ги отвори портите за верниците.

Вечерната литургија е во четврток (11.07.) и започнува во 18:00 часот, а утрото на 12.07. денската литургија ќе започне во 07:00 часот.

Празникот посветен на Светите апостоли Петар и Павле традиционално секоја година се празнува во истоимениот храм во “Варош”, a и оваа година се очекуваат голем број посетители.

На Петровден завршуваат и петровденските пости, но бидејќи празникот се паѓа во петок се пости и на овој ден.

Верниците кои ги држеа овие пости, ќе можат да јадат мрсна храна од сабота.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.