Традиционално, за Мала Богородица во прилепско највесело во Штавица – голем број верници уживаа во прекрасниот празничен ден (Фото галерија)

Православните христијани денеска го празнуваат големиот празник Рожденство на мајката Божја Пресвета Богородица. Празнувањето на ваквите големи празници има посебна традиција во Прилеп и прилепско и е од огрoмно значење за граѓаните.

А традиција за празнување на овој ден постои и во црквата Рожденство на Пресвета Богородица во село Штавица, каде секоја година е највесело и се собираат стотици верници.

Така ќе биде и денеска, портите на храмот беа отворени за сите добронамерници. Како што носи редот празничниот ден започна со света литургија во храмот, а потоа следуваше жива музика и прекрасна македонска веселба.

Нека е за многу години, а до в година повесели и уште побројни!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.