Ви го претставуваме традиционалниот рецепт, лек, кој ќе ве излечи од кашлица или тешко дишење. Пијте по една лажица пред секој оброк и ефикасно ќе го решите проблемот со дишењето. Овој третман може да се повторува се додека не ви се подобри состојбата со плуќата.
Состојки:
7 лажици мед
сок од 2 средни по големина лимони
500 грама кафеав шеќер
500 грама црвен кромид
6 шољи вода (1,5 л.)
Припрема:
- Во поголем сад, загревајте го кафеавиот шеќер се додека не се растопи, додајте го исецкан црвениот кромид . Гответе на слаб оган неколку минути, но водете сметка да не ви загоре смесата, потоа додајте ја водата.
- Откако ќе ја додадете водата, гответе на средна температура, се додека не испари една третина од водата, а потоа тргнете го садот од оган и оставете го да се излади.
- Помешајте го лимоновиот сок со медот и додајте ја смесата во веќе оладената претходна смеса, а потоа добро промешајте. Оставете го сирупот да преноќи, а следното утро процедете го. Ставете го во стаклена тегла и чувајте го фижидер.
Aлександар Георгиоски