Петгодишниот Муртаза Ахмади, кој светот го запозна откако фотографијата на која го носи дресот на Меси направен од пластична кеса стана вирална, поради љубовта кон аргентинскиот фудбалер ги проживува најлошите моменти во својот живот.
Семејството на младиот Ахмади било присилено да побегне од родниот Авганистан поради страв дека детето може да биде киднапирано!
Кога се појави фотографијата на ова дете, корисниците на социјалните мрежи ширум светот се здружија за да го пронајдат детето, кое носеше пластична кеса со името на Лионел Меси, бидејќи не можел да си купи оригинален дрес.
И самиот Меси беше потресен од оваа приказна, па посака на детето да му испрати подароци. После долгата потрага, детето е пронајдено и му се оствари најголемиот сон – доби оригинален дрес! Меѓутоа, изгледа ова му донесе повеќе штета од корист.
„Пред неколку дена добив повик од еден локален мафијаш. Мислел бидејќи мојот син добил дрес од Меси, сигурно сме добиле и пари. Бараше да му дадеме дел од тие пари“ – изјави таткото на Муртаз за „ББС“.
Чувствувајќи дека ситуацијата не е сигурна, таткото одлучил да замине заедно со семејството од ризичната област Газни. Тој моментално живее во Кети во Пакистан.