Две лица ги загубија животите откако синоќа со автомобил „Опел Астра“ излетале од пат во провалија.
Несреќата се случила околу 20 минути по полноќ на магистралниот пат Градско-Прилеп.
-Патничко возило „Опел Астра“, управувано од О.И.(37) од Прилеп, изгубило контрола, удрило во заштитна ограда од мост и излетало од патот во провалија. Притоа, возачот О.И. и сопатникот Р.М. (56) од Прилеп починале на местото на настанот. Смрт била констатирана од екипа на Итна медицинска помош, информираат од МВР.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп
За време на увидот, од 00.30 до 05.00 часот сообраќајот се одвивал со наизменично пропуштање на возилата.