ТРАГЕДИЈА: Младо момче загина на Водно

Младо момче почина во тешка сообраќајна несреќа која синоќа се случила во 23:15 минути на локалниот пат Скопје-Средно Водно.

 

soobrakajka-pesak-640x360

Во сообраќајката учествувал мотоцикл марка „Сузуки 750“ со скопски регистарски таблици, управуван од граѓанин на Скопје, роден 1994 година. Тој со мотоциклот удрил во метални еластични браници.

По незгодата со возило на брза помош бил пренесен во Ургентен Центар при Комплекс Клиники Мајка Тереза каде му биле констатирани тешки телесни повреди и по извесно време им подлегнал на повредите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.