Трагедија во Словенија: Прилепчанец застрелал жена, па сам си пресудил

Трагедија се случила вчера попладне во словенечката општина Градец, кога две лица го загубиле животот – пренесуваат словенечките медиуми.

“Според првичните сознанија од местото на настанот на пукањето му претходела расправија помеѓу маж и жена, по што мажот пукал во жената, а потоа и самиот се застрелал. Тој починал на лице место, додека жената во тешка состојба била пренесена на укажување помош во градската болница во Градец, каде подоцна починала”, стои во соопштението од полициската управа на Цеље.

Престрелката се случила во Индустриската зона во Памече, а повеќе информации полицијата ќе соопшти во текот на денешниот ден.

„Скопје1“ дознава дека македонскиот државјанин е по потекло од прилепскиот регион и има околу 30 години.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.