Тој што денеска прв ќе ви влезе дома може да ви донесе cpеќа: Овој ден е наречен уште и “Прв Божик”

Православната црква денеска го празнува Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец.

Светата православна црква на овој ден го празнува споменот на Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец. Свети Игнатиј бил ученик на Светиот апостол и евангелист Јован Богослов од кого бил поставен, за епископ на црквата во Антиохија со која раководел 40 години.

Празникот Св. мч. Игнатиј Богоносец во народот познат како Св. Игнет, Игњат, Игнатов ден, итн. се нарекува и „Прв Божик“ зашто тогаш започнуваат подготовките за празникот Рождество Христово ‒ БОЖИК.

Според верувањата на овој ден кој ќе ви влезе прв дома, ќе ви донесе среќа или несреќа.

На овој ден мајките ги теглеле своите деца, „ги подигаат“ за ушите или главата за да растат повеќе.

Ако тоа бил млад и убав човек (момче или девојка) се сметало дека носат среќа, а ако прв влезел некој старец или баба верувале дека не ќе оди најдобро…

Игнатиј бил ученик на Св. апостол Јован. Во времето на Трајан тој бил епископ во Антиохија, каде многу се прочуло по својот свет живот, така што многумина го напуштаа збрканиот незнабожечки поглед на свет и се утврдуваа во верата во Христа.

На едно свое пропатување, цар Трајан дошол во Антиохија. Пред него го извеле овој славен епископ, а Трајан го осудил на смрт и го пратил во Рим.

Патувајќи за Рим, Игнатиј ги охрабрувал христијаните од градовите низ кои проаѓал. Многу од тие негови зборови се зачувани до денес во вид на посланија. Во Рим бил фрлен на ѕверовите и со kpвта на своето сведоштво го запечатил светиот живот.

Обичаите и верувањата што се изведуваат на празникот Игнат најповеќе се поврзани со почетокот на годината, или со споменот на раѓањето на Исус Христос.

Именден празнуваат: Игнат, Иго, Игнатка…




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.