Koшаркарите на Денвер Нагетс на свој терен го совладаа Хјустон во дербито на Западната конференција со 136:122, а српскиот центар Никола Јокиќ беше незапирлив на овој меч.
Навивачите својот претставник на Ал-стар натпреварувањето го поздравија со скандирање “MВП, МВП”. Со фантастична игра тој го оправда епитетот од публиката.
Само една асистенција му недостигаше на српскиот центар за да забележи нов трипл-дабл во сезоната. Беше импресивен на овој меч. Утакмицата ја заврши со 31 постигнат поетн (12/15 од игра, 1/2 за тројка, 6/6 слободни фрлања), 13 скокови, 9 асистенции, една украдена топка и 2 загубени.
Кај гостинската екипа најефикасен беше Џејмс Харден со 30 поени, додека Кленет Фарид уфрли 23.
James Harden kept his 30+ PTS streak alive with this last second 3, making it 25 games straight.
He’s now tied with Wilt Chamberlain for 3rd longest streak in NBA history. pic.twitter.com/OgYeaEKAxm
— Bleacher Report (@BleacherReport) February 2, 2019
Денвер после петтиот врзан триумф се изедначи со Голден Стејт на врвот на Западната конференција со учинок од 36 победи и 15 порази, додека Хјустон моментално се наоѓа на петтата позиција со скор 29/22.