Фудбалот навистина не знае за граници и разлики и по којзнае кој пат ни стигна потврда за таквите тврдења. Овој пат од далечната Колумбија.
Имено, додека Колумбија го играше мечот против Полска во локалното кафуле сите гледаа во екранот освен едно момче. И тоа поради сериозна причина.
Во прашање е Хозе Рикард Гаљехо, кој од мал бил заљубеник во најпопуларниот спорт на планетата и кој го гледал секој натпревар кој можел, а потоа на девет години сериозно се разболел и од суровата болест ги изгубил видот и слухот.
Но, иако не гледа во екран тој внимателно го прати секој детаљ од натпреварот и добро знае што ќе се случува на теренот во секој момент.
И се тоа благодарејќи на својот пријател Сезар, кој го научил знаковниот јазик, со кој се служи Хозе да би комуницирал, за да му ги пренесе случувањата од мечот.
Сезар држејќи го својот хендикепиран пријател за шаките, на мала макета од терен му ги пренесува случувањата и движењата на играчите на мечот, додека Хозе ги визуелизира случувањата во својата глава.
За секој потег на теренот постои различен знак, за дриблинг, шут, корнер, аут, пенал… но ќе падне гол се е јасно како ден.
Што е вистинска пасија кон фудбалот можете да погледнете во ова видео:
Sport is brilliant isn’t it#ENGCOL ✊
(? @SkyNews)pic.twitter.com/jVS6fT5lJi
— ParalympicsGB (@ParalympicsGB) July 3, 2018