Тој е најголемата сензација на социјалните мрежи: Го следат 80 милиони луѓе, а нема изговорено ниту еден збор (Видео)

Кабане Лејм има 21 година и по потекло е од Сенегал.

Живее во Чивас, на северот од Италија, а во март минатата година ја загубил работата од фабриката во која што работел.

Тогаш се вратил да живее со семејството, а неговиот татко го наговарал да започне да бара друга работа. Кабане се насочил кон нешто друго, започнал да креира содржина за апликацијата ТикТок.

Денес на оваа платформа тој има 79.900.000 следбеници и стана еден од најбрзорастечките следбеници. Познатиот американски магазин пишува дека тој наскоро би можел да стане еден од најплатените креатори на содржини на ТикТок ако продолжи со ова темпо. “Луѓето се смеат поради моите изрази на лицето”, изјави Кабане, а секое негово видео има најмалку по 30.000.000 прегледи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.