Рускиот пратеник Сулејман Керимов и неговата фамилија, која е најголемиот руски производител на злато, Полиус, за прв пат се најдоа на врвот на листата на Форбс во најбогатите претприемачи во Русија.
И покрај скокот на првото место на ранг листата за Русија која магазинот ја објави денес, Керимов моментално се наоѓа на 46-то место на светската листа со 24,7 милијарди долари.
Според списанието, неговото семејство е најбогато во Русија, а оваа година го зголемиле богатството за 1,7 милијарди долари.
Forbes names gold producer giant shareholder Kerimov as #Russia's richest man for the 1st time https://t.co/vCH2ncIweD
— Sputnik (@SputnikInt) August 5, 2020
Керимов го следи досегаѓниот “првак” на листата, Владимир Потанин, кој е еден од сосопствениците на компанијата за производство за метал и рударство, Норникл, а неговото богатство се проценува на 24,6 милијарди долари.