Хо Ван Ланг живеел 41 година среќно и здраво во виетнамската џунгла, немаќи претстава за модерниот свет. Пред три години овој човек е изваден од џунглата во која немал контакт со други луѓе.
Неговиот татко е воен ветеран кој пребегал во џунглата за време на бомбардирањето на американците.
Цело време верувал дека војната сеуште трае, па неговиот син Ланг четири децении го одгледувал во џунглата. Трагале по храна, се занимавале со лов и живееле во куќарка на дрво, повлекуваќи се длабоко во џунглата како што се ширеле селата.
Приказните за необичниот тандем се ширеле на далеку па на тој начин луѓето се заинтересирале да ги пронајдат.
Погледнете како Ланг реагира на првата средба со цивилизацијата !