Стадионот во населеното место Тополчани во прилепско кој во 2010 година беше изграден со поддршка на Агенцијата за млади и спорт, денеска е претворен во стрниште.
Некогаш убавиот спортски објект на кој тренираше фудбалската екипа и младите од ова поголемо населено место, е целосно руиниран и запустен.
Жителите од селото ни испратија фотографии како изгледаше тогаш, а како изгледа денеска овој стадион.