“Топло” добредојде за министерот Хоџа во Прилеп (Видео)

Трет ден тутунопроизводителите од прилепско го блокираат магистралниот пат Прилеп – Градско во знак на незадоволство од текот на откупот на тутунот и ниските просечни цени. И денеска беа на излезот од Прилеп кај Заполшкиот мост од 10 часот, до 16:00. Бараат реална проценка на тутунот и најмногу пет отсто одбитоци. Поверениците од вагите да ги повлече Сојузот на земјоделските здруженија.

Додека траат блокадите на патиштата, се одвива и откупот на тутунот на пунктовите.

Со почеток од 15:30 часот имаше закажано и нова средба со министерот Хоџа во општина Прилеп. При доаѓањето во Прилеп, министерот беше запрен од тутунарите, а после 15-20 минути извикување “Уааа”, беше пуштен да помине.

Тутунарите потоа се упатија пред општина Прилеп. Подоцна ќе информираме за резултатот од новата, трета средба.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.