Големите штркови гнезда, поставени долж патиштата, високо на електричните столбови се честа слика речиси низ сите делови на држвата од рана пролет па се до последните топли денови во есента.
Враќањето на штрковите меѓу јавноста во Македонија се смета за неофицијален почеток на пролетта. Тие, заедно со ластовичките се првите знаци дека ладните зимски месеци завршуват и почнува новата сезона.
Иако нивното враќање во нашите краишта народски се поврзува со празникот Благовец, денеска штрк е забележан во коритото на Градската река во Прилеп.
Промената на климатските услови и нетипично топлото време за март месец, си го прават своето, но како и да е, да им посакаме добредојде на овие благородни птици и да ги чуваме нивните живеалишта.