Топлото време ги врати и пред Благовец: Штрковите се вратија во своите домови во прилепско (ФОТО)

Големите штркови гнезда, поставени долж патиштата, високо на електричните столбови се честа слика речиси низ сите делови на држвата од рана пролет па се до последните топли денови во есента.

Враќањето на штрковите меѓу јавноста во Македонија се смета за неофицијален почеток на пролетта. Тие, заедно со ластовичките се првите знаци дека ладните зимски месеци завршуват и почнува новата сезона.

Иако нивното враќање во нашите краишта народски се поврзува со празникот Благовец, низ Пелагониските села веќе може да се види нивното присуство.

Фотографиите се од денеска од Кривогаштани, каде овие благородни птици веќе се вратени во своите домови и речиси да не постои празно гнездо.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.