“Топкарија” во Прилеп: Eм игра, ем забава

_mg_3227

Во организација на ООУ “Блаже Конески“ и Локалната Самоуправа, во Прилеп беше одржана меѓународното  проект насловен „ Жогарија“, односно „Топкарија“, која има за цел преку колективните итри со топка да ги вклучи младите  од основните  училишта, да преку спортските игри ги осознаат основите човечки вредности, како што се солидарноста, меѓусебното почитување, одговорноста, дружењето, фер плеј… Во проектот се вклучија четири основни училишта од Прилеп, кои се натпреваруваа во четири дисциплини: кошарка, мал фудбал,  квиз натпревар, како и натпревар на наставниците. Натпреварувањето меѓу учениците беше од ревијален карактер. Сите учесници беа победници. Но, сепак најдобрите понесоа пехари и  беа наградени  за нивната спортска игра. Севкупен победник на оваа креативна игра меѓу училиштата  беше ООУ „Блаже Конески“

_mg_3234

_mg_3169

_mg_3178

_mg_3211

_mg_3213

_mg_3215

_mg_3217

_mg_3230

Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески ја поздрави оваа иницијатива, во која учениците можат да се дружат и да бидат физички активни. Овој проект се спроведува во 10 држави: Словенија, Австрија, Унгарија, Хрватска, Б и Х, Србија, Косово, Македонија и Црна Гора и ги вклучува учениците од пониските основни одделенија. Покрај натпреварувачкиот дел манифестацијата беше збогатена и со ревијални настапи на ученици со различни музички точки




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.