Американскиот весник „The Washington Post“ објави дека соработник на руските служби за државна безбедност во центарот на Москва нападнал дипломат на САД, тврдејќи дека припадникот на ФСБ кој бил во униформа исто така се нафрлил врз американскиот дипломат кој влегувал во зградата на амбасадата на САД во Москва.
Најверојатно „американскиот дипломат“ во тој судир се здобил со скршеница на рамото, па бил принуден да ја напушти Русија поради лекување.
„Вашингтон пост“ припадникот на ФСБ го нарекува „припадник на службата за обезбедување на објекти“ и пишувајќи за причината за нападот, нагласува дека најверојатно Американецот работел на шпионуирање за САД, криејќи се зад статусот дипломат.
Министерството за надворешни работи на Русија соопштува дека „американскиот дипломат“ според кој, како што пишуваат американските медиуми, во Москва применил сила и како соработник на ЦИА нападнал полицајци кои ја обезбедуваат амбасадата во Москва.
„Познато е дека тој дипломат е во суштина соработник на ЦИА. Таа ноќ маскиран се враќал од разузнавачка операција. И, дали бил премногу нервозен па сакал едноставно без легитимација да влезе во амбасадата, и поради тоа дошло до инцидентот? Кога бил застанат почнал да „мафта“ со рацете. Всушност, соговорниците на „Вашингтон Пост“ не кријат дека позади дипломатскиот пасош се крие оперативец на ЦИА. А, скршеното рамо е само „научна фантастика“. Како би можел дипломат со таква повреда, кога веќе влегол во амбасадата, можел мирно да си ја поправи фризурата, стоејќи пред огледало? А, токму тоа се гледа на снимката која ја покажаа Американците“, вели Марија Захарова, портпарол на руското МНР.
„Нашиот полицаец кој бил дежурен и ја обезбедувал амбасадата на САД, сакал да ја провери документацијата на човекот кој изгледал сомнително, за да се увери дека не постои закана по дипломатското претставништво на САД. Меѓутоа, Американецот со лакт го удрил во лице наместо да му ја покаже легитимацијата! Дошло до тепачка во која оперативецот го оттрунал полицаецот и се сокрил во амбасадата“.
„Вашингтон бараше Русија да ја обезбеди амбасадата на САД во Москва со полициско обезбедување“, вели Захарова нагласувајќи дека руските полицајци совесно ја штитат територијата на амбасадата од упадите од надвор, и дека САД треба да бидат благодарни на полицаецот кој ја работел својата работа и му го покажале местото на „дипломатот“ кој се однесувал како хулиган.