Тиња и кал на улицата “Василе Павлоски” во Прилеп: Граѓаните сами се справуваат со хаосот?! (ФОТО)

Вистински хаос на улицата “Василе Павлоски – Џгуре” во близина на воените касарни во Прилеп.

Утрово граѓаните на оваа улица биле сведоци на вистинска катастрофа.

Целата улица била прекриена со кал и тиња, а како причина за овој неред го посочуваат испуштањето вода од објектот на така наречениот “Информатички центар за опоравување од катастрофи и обезбедување на континуитет со работата“, кој се гради над касарните.

Жителите на оваа улица велат дека ова не се случува прв пат и дека водата се испушта во вечерните часови, па неколку пати досега поради овој проблем биле оневозможени да излезат од своите домови.

Граѓаните не информираа дека целото утро телефонирале до ЈКП “Koмуналец”, од каде после долго ѕвонење успеале да ги добијат надлежните, но никој не дошол на терен да интервенира, па жителите биле сами принудени да го чистат нередот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.