Тифози од Радовиш во четврток ќе ја запоседнат салата во “Ристе Ристески – Ричко”

Фото/РК Прилеп/ФБ

По воведните победи над Борец и Пролет, изминатиот викенд Прилеп ремизираше на гостувањето кај Куманово, а во рамките на четвртото коло од плеј-аут разигрувањето во ракометната Супер лига, прилепчани го дочекуваат Радовиш.

Натпреварот се игра во четврток (17.04) со почеток од 19:00часот, а на истиот се очекува присуство на навивачката група “Лебари” од Радовиш.

Навивачката група од овој град уредно го најавила своето присуство и побарале да се обезбедат услови за фер и коректно навивање.

Прилепчани пак очекуваат полн погодок од овој натпревар и полека трасирање на патот кон сигурен опстанок во суперлигашкото ракометно друштво.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.