Тифозите од Радовиш грмеа во Прилеп и однесоа три бода … ШОК за прилепчани!

Ракометарите на РК Прилеп го доживеаја првиот пораз во плеј-аут разигрувањето, откако синоќа на домашен терен неочекувано беа поразени од Радовиш (26:28).

Иако сите очекуваа полн плен бодови од овој натпревар за прилепчани, гостите и нивните навивачи кои беа во салата не мислеа така.

Првиот дел мина во изедначена игра, гол за гол. Двете екипи имаа свои моменти, но ниту една не успеа да се одлепи на повеќе од два гола разлика. По 30 минути игра, резултатот беше 14:13 во корист на прилепчани.

Во вториот дел Радовиш од негатива 17:16, направи серија од 3:0 и поведе со 19:17, но избраниците на Илиески брзо се консолидираа и одново го презедоа водството со 20:19.

До последните минути на натпреварот се играше речиси гол за гол, но неколкуте одлични одбрани на голманот на радовишани, им донесоа предност од 23:26, а Прилеп беше немоќен да се врати резултатски во натпреварот.

Во наредното коло РК Прилеп гостува кај Струга.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.