Тито Петковски вели дека ќе се отвори дебата за химната, знамето, грбот…? (Видео)

На едно гостување во “ТВ 24”, коалициониот партнер на Заев, Тито Петковски, запрашан дали нема да му пречи да има промена на химната, промена на симболи, на знаме, на државен грб лидерот вели дека за тоа ќе се отвори дебата:

-Тоа се прашања за кои ќе се отвори дебата. Експерти, научници политички партии и така натаму од земјата од странство ќе седнат ќе дебатират што е она што ги разделува етничките заедници, што е она што може да ги зближи значи го бараме мостот кој што ќе не поврзува, рече тогаш Петковски.

Со оглед дека во изминатите три години се промени државното име и се направија комисии за разгледување на историјата со Грција и Бугари, останува нејасно што би можело да се случува во иднина…




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.