ТИНЕЈЏЕР ПРЕЖИВЕАЛ 49 ДЕНОВИ САМ НА ТИХИ ОКЕАН: “Јадев само кога ќе уловев риба, пиев морска вода и ја читав Библијата. Постојано бев опколен од ајкули”

Алди Новел Адиланг (18) од Индонезија преживеал 49 дена сам на Тихи океан, откако невреме ја откинало неговата мала дрвена барака и ја одвело на “патување” од 2.500 километри. Тој беше спасен во близина на островот Гуам, американска територија во на Пацификот.

По една недела останал без храната која ја имал во бараката и преживувал ловејќи риби и цедејќи морска вода низ облеката.

Адиланг изјавил дека на бараката ја уклучувал ламбата кога ќе здогледал брод, но бродовите го разминувале.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.