Тинејџер заработува многу пари, а само игра игра: Запознајте го малиот Спикоски и неговата „професија“ (ВИДЕО)

Грифин Спикоски е 14-годишно момче од Њујорк, кое од видео играта Фортнајт заработил 200.000 долари.

Грифин, познат под името Скептик ја игра популарната видео игра секој ден по околу 8 часа, а има денови кога поминува и по 18 часа пред компјутерот.

Освен што игра, Грифин се снима, а видеата ги објавува на својот Јутјуб канал, каде го следат над милион претплатници и на тој начин заработува илјадници долари.

Почнал да заработува кога пред девет месеци успеал да победи познат играч на Фортнајт. Тогаш почнале да го следат голем број корисници, така што детето ја искористило популарноста за да заработува на спонзори, реклами и донации од своите претплатници.

Неговите родители во целост го поддржуваат, па дури му изнајмиле и финансиски советник, кој правилно ги распоредува парите на детето, кој сака да ги потроши на студии и да купи нова куќа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.