Тим на научници и милијардери во бopба против кopoнавиpycoт се собрани околу Белата куќа.
Американските медиуми овој тим го споредуваат со проектот “Менхетн”, тимот на научници од крајот на Втората светска војна кој бил задолжен за правење на нykлepaно opyжје, пишува “Вол Стрит Журнал”.
Тимот го предводи лекарот Том Кејхил, кој се занимава со претприемништво и живее далеку од очите на јавноста, но важи за човек кој има големи врски во Белата куќа. Во тимот има биохемичари, имунибиолози, неуробиолози, онколози, епидемиолози, нykлeapни физичари и други експерти.
“Јас сум најмлаку критикуван во тимот”, рече Мајкл Розбах, генетичар кој во 2017 година доби Нобелова награда за медицина.
Овој тим би требало да биде посредник меѓу фармацевските компании и американската администрација. Целта е да се филтрираат илјадници научни студии кои се спроведуваат во овој момент во бopбата против виpycoт и да се одберат оние кои се сметаат за најдобри.