Tимот “Levelone” во кој покрај прилепчанецот Димитар Андоноски (NVD), членуваат уште и Анел Цековиќ (NENO), Семих Камил (osama), Јован Деребаноски (N1GHTMARE) и Кристијан Куковски (KiLLerA), го освои првото место на балканскиот турнир во Приштина.
Во саботата во полуфиналниот меч, во амфитеатарот “TEATRI ODA”, пред 200 гледачи и повеќе од 500 луѓе кои мечот го следеле онлајн, нашите момци победија со 2:0 во мапи против домашниот тим “KOSOVA5”.
Наредниот ден во големото финале, македонските кантерџии на истата локација победија со 3:0 против “GameZone.