Резултатите од претседателските избори и бројот на гласови кои ги освоија кандидатите на политичките партии, ја зовреа ситуацијата во Прилеп.
Прилеп е една од општините каде СДСМ забележа најголем пад во гласовите, во однос на она што како поддршка и бројка го доби на локалните избори во окотомври 2017 година.
За Илија Јованоски на локалните избори во 2017 година гласаа 23.607 гласачи, или 51,07% од гласачите, додека Ристески тогаш ја доби довербата од 20.917, или 45,25% од гласачите.
Според ова, за година и пол после локалните избори, СДСМ во Прилеп загубил 5.040 гласови, а ВМРО-ДПМНЕ го задржал речиси истото ниво на доверба кај гласачите.
Според реакциите пак на социјалните мрежи и чаршиските муабети кои кружат низ градот, како главен виновник за ваквиот резултат и пад е претседателот на Општинската Организација на СДСМ Прилеп и Претседател на Советот на општината, Миле Талески.
Taков резултат покажа и нашата анкета која ја спроведовме помеѓу нашите читатели. На прашањето, “Кој е виновен за катастрофата на СДСМ во Прилеп?”, 52% од оние кои гласале го посочиле токму Миле Талески, 21% сметаат дека за тоа е виновен градоначалникот Илија Јованоски, 15% гласале за министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, а 12% сметаат дека никој од наведените не виновен.
Според неофицијални информации, премиерот Зоран Заев, на 26 мај доаѓа во Прилеп. Па дали ќе заигра најавената “метла” и од кого ќе започне, останува да видиме.