Тие се светски познати дами кои имаат повеќе од 50 години, а делат и уште една заедничка работа – никогаш не направиле пластични операции (Фото)

Навикнати сме да слушаме дека светски познатите дами во светот “одат под нож” за да изгледаат помлади и поубави. Но, дури и помеѓу сите тие познати чичности постојат и такви кои не се плашат од староста, ја прифаќаат и одбиваат да се подложат на естетски зафати.

Изабела Роселини

Во едно од своите интервјуа, глумицата нагласила дека никогаш не би правела козметички зафати. Нејзиниот рецепт за младоликост е: микс од органска храна и добра крема за лице!

Шерон Стоун

Шерон Стоун вежба по 4-5 пати неделно и купува крема за лице во дрогериите. Во едно интервју изјавила дека никогаш немала пластични операции на нејзиното тело.

Брук Шилдс

Поранешниот модел и глумица, признава дека во една прилика испробала ботокс, но дека не и се допаднал резултатот. Во секој случај, таа не сака да отиде кај пластичен хирург, затоа што се плаши дека би можела да изгледа како Џокер.

Селма Хајек

Глумицата во бројни интервјуа нагласува дека никогаш не била под нож.

Џоди Фостер

Џоди Фостер смета дека модерното друштво и наметнува на жената да се трансформира во нешто што едноставно не е потребно. Глумицата е против пластичната хирургија и не се срами од своите бори на лицето.

Енди Мекдауел

Енди Мекдауел е сигурна во тоа дека не и е потребен ботокс, ниту затегнување на лицето. Таа едноставно се грижи за својата кожа и води здрав начин на живот.

Ема Томсон

Познатата глумица заедно со Кејт Винслет и Рејчел Вајс ја основа британската лига против пластични операции. Ема смета дека инјекциите со ботокс се чисто лудило.

Сигорни Вивер

Глумицата неодамна изјави дека стареењето и се допаѓа и дека нема ништо одвратно кога се работи за борите на лицето.

Хали Бери

Глумицата тврди дека никогаш не се подложила на пластична хирургија. Таа го обожава спортот, а на својот Инстаграм профил редовно споделува фотографии од своите тренинзи.

Мерил Стрип

Мерил Стрип секогаш била отворен противник против пластичните операции. Нејзиниот изглед докажува дека жените се како виното-изгледаат се поубаво со текот на годините.

Синди Крафорд

Поранешниот топ модел води грижа за својата кожа и редовно вежба. Синди обожава крема за сончање, маски за лице и производи кои ја негуваат и навлажнуваат кожата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.