На локација на улица “Кеј 1-ви Мај”, во непосредна близина на основното училиште “Кочо Рацин”, во правец кон старата автобуска станица, “ЕЛЕКТРО ЕЛЕМЕНТИ – ИД” е местото каде ќе најдете буквално сe’ од електро материјали и лед расвета.
Во изминатите две години, ЕЛЕКТРО ЕЛЕМЕНТИ – ИД стана број еден партнер на стотици домаќинства и изведувачи.
А зошто тоа е така? Па најмногу поради снабденоста, квалитетот и цените, кои патем се најниски во целиот град, а второ и поради квалитетната услуга која ги краси како тим.
Веќе добро сите знаеме дека во ЕЛЕКТРО ЕЛЕМЕНТИ – ИД, ќе најдете се’ од програмите на VIKO и PANASONIC, за кои се овластени дистрибутери, а застапници се и за ЕТI осигурувачи, како и за висококвалитетната палетна на производи од ЕXEN.
Во нивниот продажен салон ќе најдете избор на секакви видови на подземни и воздушни кабли, а нивниот тим ви стои на располагање и за изведба на секаков вид електрични инсталации.
Особено драга им е понудата и широкиот избор на ЛЕД светилки, кои пак ги има во сите дизајни, од модерни LED светила, кои штедат енергија и нудат прекрасна осветленост, до класични дизајни кои никогаш не излегуваат од мода.
НАЈНОВО ВО ЕЛЕКТРО ЕЛЕМЕНТИ е тоа што отсега тие се ЗАСТАПНИК ЗА ПРИЛЕП за НАЈКВАЛИТЕТНИОТ БРЕНД за осветлување – WELLMAX!
Станува збор за водечки бренд во делот на осветлувањето кој од 2004 година се фокусира на иновации и производство на LED светилки. Основан во 1987година брендот WELLMAX е посветен на обезбедување производи со највисок квалитет преку строг систем на контрола на квалитетот.
Заштедете во домот и во вашите деловни простории! Набавете ги уште утре одличните лед сијалици кои се на промотивна цена од само 35 денари!