Kaндидатот на СДСМ за градоначалник на Прилеп, Горан Сугарески, доживува дебакл од дуќанџиите во прилепската Стара чаршија и занаетчискиот еснаф.
Изворите велат дека сопствениците на дуќаните и занаетчиите му се лути на Сугарески и СДСМ поради неисполнетото ветување за реконструкција на чаршијата, но и поради никаквата поддршка за дуќанџиите од страна на Владата за време на пандемијата од коронавирусот.
Во октомври 2018 година Министерот за економија Крешник Бектеши потпиша договори со општините Чаир, Центар, Битола и Охрид за имплементација на проектот „Ревитализација на излозите старата чаршија“.
Целта на проектот според министерот тогаш беше уредување на излозите во старите чаршии низ државата, со цел враќање на автентичниот изглед на чаршиите, а воедно и нивно разубавување и привлекување на што поголем број на посетители и туристи.
Прилепската Стара чаршија не влезе во овој проект, а не се реализираше ниту ветувањето на актуелниот градоначалник за нејзина реконструкција.
Сугарески навидум го оправдува ова нереализирано ветување, со изговор дека дел од овие проекти биле скапи и корона кризата си го напраела своето.
Голем број дуќанџии откако започна пандемијата со коронавирусот ставија клуч, а дуќаните се издаваат под кирија.
Сугарески деновиве одржал средба со Извршниот одбор на Регионалната занаетчиска комора каде одново ветил реконструкција на чаршијата.