Тешко на предавниците” е најновото музичко остварување на фолкерката Анета Наковска која се јавува како комплетен автор на ова нејзино дело.
Песната неодамна доби и видео запис кој се изработи од страна на ИН продукција, а во кој се снимени преубавите охридски предели од велгошкиот регион.
“Во мене подолго време вриеше силна емоција која се противи на сето она што се случува во нашата земја, па како ми доаѓаа идеите до крајот на летото песната беше готова, бидејќи ја сум комплетен автор на оваа песна”, вели Наковска за “Естрада Плус”.
Во продолжение слушнете го најновото музичко дело на Анета: