Вчера во 12:30 часот во Прилеп на улица „Војводинска“ се случила сообраќајна незгода во која Р.К. (36) од Прилеп, управувајќи автомобил „Пежо 106“ со прилепски регистарски ознаки, удрил во пешакот Ц.Ч. (74) од населба Точила-Прилеп.
Во незгодата Ц.Ч. се здобила со тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица во Прилеп.