Вчера во 14:30 часот на регионалниот пат Прилеп- Демир Хисар, пред село Галичани, се случила сообраќајна незгода во која Д.Г. (60) од Прилеп, управувајќи трактор „ИМТ 539“ без регистарски ознаки, изгубил контрола над истиот и излетал во канал.
Во незгодата Д.Г. се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Градската болница Прилеп, поради сериозноста на повредите (загрозувачки по живот), како итен случај бил префрлен во Ургентен центар Скопје.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица во Прилеп.