Страшна сообраќајна несреќа се случи вечерва во Прилеп околу 22.30 часот на раскрсницата на улиците „Димо Наредникот“ и „Александар Македонски“.
Според неофицијални информации, до сообраќајката дошло кога автомобил “Фиат Пунто” со поголема брзина удрил во комбе, каде се превезувале работници.
Според првичните информации повеќе лица се повредени, при што интервенирала и екипа на Брзата помош.
Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.