Тешка сообраќајка на патот Прилеп-манастир “Трескавец” – Се судрија автомобил и моторцикл, две лица завршија во болница

-На 08.06.2025 во 13.25 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп-манастир „Трескавец”, на место викано „Под манастир“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „кадилак“ со американски национални ознаки, управувано од З.К.(42) од Република Србија, со привремен престој во Прилеп и мотоцикл „хамачи“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Т.С.(64) од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, додека со телесни повреди неговата сопатничка С.С.(56) од Прилеп и возачот на патничкото возило „кадилак“, констатирани во Градската општа болница Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Прилеп – информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.