Вчера во 21 часот и 20 минути на патот Прилеп-Битола, на клучка „Македонија Пат“, се случила сообраќајна незгода.
Сообраќајката се случила помеѓу патничко моторно возило “Шкода Јети“, сопственост на МВР, управувано од 49- годишниот Ц.В од село Десово, и сопатник 52- годишниот Б.Д од Прилеп и патничко моторно возило „Пасат“ управувано од 23- годишниот Д.А од Кавадарци.
Во незгодата сопатникот Б.Д. се здобил со тешки телесни повреди, укажана му е лекарска помош во Градска болница Прилеп.
Извршен е увид на местото на настанот.