Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судрија “БМВ” и мопед

На 02.10.2018 година на крстосница од улица „Сотка Ѓорѓиоски“ и улица „Стеван Димоски-Ништако“ во Прилеп се случила собраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.М.(28) од Прилеп и мопед со прилепски регистарски ознаки, управуван од Ц.Ц (20) од Прилеп.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот на кого му била укажана лекарска помош во болницата во Прилеп. Извршен е увид на местото.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.