Страшна сообраќајка се случила во Македонија вчера во 12 часот во село Ропотово, прилепско, кога 42-годишниот С.А. од село Секирци управувајќи патничко моторно возило “Лада Самара” со прилепски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото и удрил во електричен столб.
Во незгодатата со тешки телесни повреди се здобила 16 годишна сопатничка од истото село.
По укажана лекарска помош во Општа болница Прилеп повредената е пренесена во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје.
Извршен е увид на местото на настанот.