Жителите на крушевско Бучин поминаа непреспиена ноќ, борејќи се со излеаните води на Црна Река и стравувајќи дека водата ќе ги наполни нивните домови.
Со нив во текот на целата ноќ беше и градоначаникот на Крушево, Нико Чонески, а активиран е и кризниот штаб за справување со водената стихија.
Во активностите се вклучени ЦУК, ДЗС, ТППЕ Крушево и Кривогаштани, ЈП „Комуна“, ПС Крушево.
-Благодарение на Владата, обезбедена е механизација од РЕК Битола, како и поддршка од Општина Кривогаштани со отстапена механизација. Голема благодарност и до „Бурда транс“, како и до целото население кое безрезервно се вклучи и помогна – напиша на ФБ Чонески.



























