Дваесет и двегодишната С.М. и 21-годишниот Ф.Ф. од Тетово, вчера пријавиле измама од женско лице од Штип, со кое се запознале преку социјалната мрежа „Фејсбук“ во март годинава и кое им ветило дека ќе им обезбеди тримесечна работа во Германија.
При тоа, штипјанката од нив побарала да и уплатат по 2700 денари и уште по 12300 денари за договорите за работа, а авионските билети сами да ги купат.
Пријавителите аплицирале и ги уплатиле средствата, откако наводно им биле одобрени апликациите, но непосредно пред да заминат во Германија, на 11-ти минатиот месец од пријавената добиле СМС-порака дека не ќе можат да заминат, а потоа не им се јавувала веќе, ниту им ги вратила уплатените средства. Од СВР Тетово велат дека работат на целосно расчистување на случајот.