Последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика со која цената на струјата се зголемува за 7,4% наиде на огромно негодување и реакции во јавноста.
Во четврток со почеток од 19 часот се закажани пpoтecти, на плоштадот “Илирија” во Тетово и паркот во Чаир, каде организаторите бараат распуштање на Регулаторната комисија, како и формирање на независно арбитрарно тело кое ќе биде во служба на граѓаните, со цел да се провери квалитетот на енергетските услуги.
“Придружи ни се! Да го искажеме револтот против зголемувањето на цената на електричната енергија, како и против многуте проблеми поврзани со енергијата, во четврток, 6 август 2020 година, во 19,00 часот, на плоштадот Илирија во Тетово, во паркот Чаир, ќе се организира ПРОТЕСТ, чекаме да се приклучат други градови”, пишува во Фејсбук настанот за протест во ТЕТОВО
“Драги сограѓани, Ве покануваме да ни се придружите во протестот од 06.08.2020 година против зголемувањето на електричната енергија и ЕВН. Протестот ќе се одржи во 19 часот во паркот Чаир и на плоштадот Илирија во Тетово”, пишува во Фејсбук настанот за протестот во ЧАИР
Протecт е организиран и во Гостивар, каде во исто време ќе се протecтиpa пред седиштето на компанијата ЕВН.
Истовремено иницијативата “Млади за Македонија” oбјави онлајн петиција, на која досега се имаат потпишано над 6.000 граѓани.