Терористи планирале да ја нападнат парадата за “Денот на победата” и Путин: Руските служби спречиле се’

Руските специјални служби во очи на “Денот на победата над фашизмот”, уапсиле група терористи кои подготвувале напади за време на парадата во Москва, изјавил заменик министерот за внатрешни работи Олег Сиромолотов.

“Уапсени се повеќе групи кои подготвувале експлозии за време на парадата. Тие однапред го припремиле оружјето”, рекол заменик министерот за агенцијата “Тасс”, додавајќи дека тие групи дошле од Сибир, од местото Нови Уренгој.

Според неговите зборови, таму биле пребарани 17 објекти и уапсени се 20 осомничени.

“Oд 21 до 24 април елиминиравме 26 терористи”, рекол Сиромолотов.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.