Британската премиерка Тереза Меј изјави денес дека ќе поднесе оставка пред наредната фаза преговори за Брегзит, но иако не објави датум кога ќе ја напушти функцијата, високите членови на Конзервативната партија ја започнаа трката за преземање на премиерското столче.
Меѓу конзервативците кои сакаат да ја заменат британската премиерка се тројца поранешни министри од нејзината Влада- Естер Мекви (51), поранешната министерка за внатрешни работи Амбер Руд (55) и поранешниот министер за надворешни работи Борис Џонсон (54), пренесува Ројтерс.
Исто така, неколку актуелни министри влегуваат во трката – министерот за внатрешни работи Џереми Хант (52), министерот за здравство Мет Хенкок (41)…