Младата Теодора Мицевска од Битола освојува и плени со својот глас.
Во пресрет на Бадник и Христовото раѓање Божик, таа објави видео спот за песната “Небо и земја”.
Теодора е голем љубител на македонската изворна песна и има добиено неколку гранд при награди на интернационални фестивали.
Слушнете ја нејзината изведба на христијанската песна “Небо и земја”, ќе ви предизвика прекрасно чувство и ќе ја преслушате неколку пати:
Минатата година пред Божик, Теодора објави видео запис и за песната “Вечниот Бог”.