Од денеска под влијание на многу студена воздушна маса од најсеверните географски ширини, времето ќе биде многу студено со умерен, долж Повардарието засилен северен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во деновите од викендот ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи од снег, пообилни во југозападните делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините ќе се зголеми.
Се очекува во југозападните делови и на пониските места таа да изнесува над 20 сантиметри. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.
Температурите ќе се задржат значително под просекот за овој период и во текот на целиот ден ќе бидат негативни. Утринските ќе се спуштаат до -10, а во почетокот на наредната седмица на места и под -15 степени.